Pages

Thursday, November 27, 2014

Mindless Violence ARE FUCKING DEAD !!! (2010-2014)

После 4 години работење Mindless Violence решија да стават крај. Позади нив имаа 2 изданија :7" сплит заедно со шведските Damage , кое што доби голем број позитивни критики од разни фанзини и вебзини,како и EP изданието „Забот на Времето“.

Saturday, November 8, 2014

CD 004 - Генералштаб


      ЕР-то на Генералштаб ќе биде нашето ново издание по број 004.
Еве и едно кратко био:

- Ова се единствените снимки кои постојат од овој бенд којшто работел само неколку месеци во 2003 година.По прекинот на работа на бендот Корпус,Пепи и Боби започнуваат да работат на нови песни заедно со Зафо (ех-Two Sides). За басист се позајмува членот на SMUT,Дарко.Набргу потоа Пепи донесува одлука да се отсели од Македонија. Пред неговото заминување настануваат овие снимки ,во партизански услови во нивната просторија во Макотекс заедно со Гени. Сите членови се до ден-денеска во музиката, Дарко (SMUT) и Зафо (База 903) во Скопје, Пепи (Bloodline ltd.) во Јоханесбурт и Боби (Рутинска Контрола) во Љубљана.